Салах во С.Арабија ќе биде платен 100 милиони евра годишно?!

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах во С.Арабија ќе биде платен 100 милиони евра годишно?!
ФОТО: Liverpool FC/FB

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Мохамед Салах го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една од најзначајните ери во поновата историја на клубот од „Енфилд“. Сега е познато каде египетскиот фудбалер ќе ја продолжи својата кариера.
Иако имаше богати понуди од Европа и американската МЛС лига, Мохамед Салах очигледно одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Неколку од најбогатите саудиски клубови се бореа за неговиот потпис, но се чини дека Салах ја донесе конечната одлука. Иако сè уште нема официјална потврда, сите индикации се дека тој ќе се приклучи на редовите на Ал Итихад.

Овој клуб го следи Салах со години и се вклучи во акција штом стана сигурно дека Египќанецот ќе го напушти Ливерпул по девет години. Клубот веќе почна да го подготвува теренот за доаѓањето на голема ѕвезда, ослободувајќи се од милионските договори на Карим Бензема и Н’Голо Канте. Неколку извори наведуваат дека Салах ќе добие договор вреден дури 100 милиони евра годишно, што веднаш би го направило еден од најплатените фудбалери во светот. Во целата приказна, Ливерпул исто така одигра значајна улога, што му овозможи на Салах предвреме да го раскине договорот. Ова значи дека тој ќе пристигне во новиот клуб како слободен агент, без обештетување.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата