Салах: Само сакам достоинствено да се збогувам со Ливерпул

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах: Само сакам достоинствено да се збогувам со Ливерпул
фото: Liverpool FC (X)

Една од најголемите легенди на Ливерпул, крилниот напаѓач Мохамед Салах, изрази надеж дека ќе може да се збогува со клубот на донстоинствен начин.

Египќанецот претходно го најави своето заминување од клубот на крајот од сезоната.

„Чувството кога ќе постигнеш гол и ќе победиш е прекрасно. Најважно е да му помогнеме на тимот да се смири и да се чувствува самоуверено. Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тешко, и ми е мило што успеавме да победиме. За мене остануваат само уште неколку натпревари во Ливерпул, но се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и ќе му помогнам на тимот да се квалификува за Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе можам да се збогувам како што треба“, рече Салах.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата