Роналдо се спакувал – мора да оди во Мадрид

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо се спакувал – мора да оди во Мадрид
ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN

Тренерот на Ал Наср, Хорхе Жесус, вели дека повредата на Кристијано Роналдо е посериозна отколку што се мислеше претходно.

Португалецот е надвор од теренот неколку недели поради проблем со коленото.

„Повредата на Кристијано е посериозна отколку што се мислеше претходно. Тој ќе патува во Шпанија на лекување кај личен терапевт“, рече Жесус.

Роналдо постигна 21 гол на 22 натпревари оваа сезона и е блиску до бројката од 1.000 голови во својата кариера.

Следниот натпревар на Ал Наср е против Неом во сабота.

Тие моментално се на врвот на табелата на саудиското првенство со 61 бод, два пред Ал Ахли и три пред Ал Хилал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата