Откако екипата на Тотенхем остана без менаџер, по отказот на Игор Тудор, доста имиња се спомнуваат како негови потенцијални заменици. Шон Дајч е форсиран од повеќе англиски медиуми, но од друга страна пак менаџментот на Спарси очигледно дека има и други опции.
Последна е онаа информација која што вели дека Роберто Де Зерби е наследникот на Тудор. Италијанецот би бил трер менаџер на Тотенхем оваа сезона затоа што претходно тука беше и Томас Франк.
На Италијанецот му е понуден долгорочен договор и значаен финансиски пакет што би го направил еден од најплатените менаџери во Премиер лигата.

