ПРЕСВРТ: Иран бара да ѝ се одземе Мундијалот на Америка?!

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕСВРТ: Иран бара да ѝ се одземе Мундијалот на Америка?!
фото: Megatron (X)

Политичките тензии меѓу САД и Иран се прелеаја и во спортот, при што јавноста го покрена прашањето за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Иран требаше да игра дел од натпреварите од групната фаза во Лос Анџелес и Сиетл, но моменталната политичка ситуација фрли сенка врз тоа сценарио.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иранците се добредојдени на турнирот, но исто така рече дека „можеби треба да размислат да дојдат заради сопствена безбедност“.

На ваквите коментари реагираше Фудбалската федерација на Иран со соопштение во кое јасно порача дека никој нема право да го доведува во прашање нивниот настап на Мундијалот (иако нивниот министер за спорт зборуваше поинаку).

„Светското првенство е натпреварување кое го организира ФИФА, а учеството на него се обезбедува исклучиво со резултати на теренот. Никој не може да го исклучи Иран од Светското првенство. Ниту една држава или политичка личност нема право да одлучува кој ќе игра на турнирот. Доколку домаќинот не е во состојба да ја гарантира безбедноста на сите учесници, тогаш се поставува прашањето за неговата способност да организира вакво големо натпреварување“, се наведува во соопштението.

Да потсетиме, Светското првенство 2026 ќе биде првото кое заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико, а политичките полемики веќе сега ги ставаат во незгодна позиција челниците на ФИФА, предводени од претседателот Џани Инфантино.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата