Почнува новата сезона на ЛШ: Вардар тргнува од Скопје, Шишко и Херера го чекаат Серафимов

7.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнува новата сезона на ЛШ: Вардар тргнува од Скопје, Шишко и Херера го чекаат Серафимов

Со десет натпревари вечерва официјално започнува новата сезона во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Првото квалификациско коло традиционално носи дуели меѓу шампионите на помалите европски лиги, но за македонската јавност освен настапот на нашиот шампион Вардар, кој во Скопје го пречекува финскиот првак КуПС, најголемо внимание ќе привлече пресметката во Бања Лука меѓу Борац и Левски.

Причината е едноставна – на теренот ќе настапат дури тројца актуелни македонски репрезентативци. Во редовите на Борац стандардни се голманот Дамјан Шишковски и бекот Херара, додека кај Левски се очекува настап на стоперот Никола Серафимов, кои минатата сезона беа меѓу најзаслужните за шампионската титула на клубот од Софија.

Борац минатата сезона испиша една од најуспешните европски приказни во својата историја, а Левски, пак, по неколку години повторно се обидува да изгради континуитет на европската сцена.

УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

КВАЛИФИКАЦИИ – 1. КОЛО

18:00  Арaрат-Ерменија – РФЦ

18:00  Кауно Жалгирис – Дрита

18:00  Линколн Ред Импс – Интер д’Ескалдес

18:00  Сабах – ТНС

19:00  Вардар – КуПС

19:30  Флоријана – Шамрок Роверс

20:30  Борац Бања Лука – Левски Софија

20:30  Тре Фиори – Ларнe

20:45  Клаксвик – Бисен

21:00  Викингур – Ѓер


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата