Сонот за титула за Милан се чини заврши вечерва. На домашен терен, „росонерите“ попладнево беа поразени од екипата на Парма со 1:0, со што дозволија не само да го завршат сонот за Скудето, туку и да прекинат една неверојатна низа без пораз која траеше од првото коло оваа сезона во Серија А.
Милан прописно се изнапромашува во текот на сите 90 минути, а моментот на одлука дојде во 80-тата минута кога Троило го шокираше „Сан Сиро“.
За издвојување е она што се случи уште во 25-тата минута, кога Рубен Лофтус-Чик мораше да го напушти теренот поради удар во главата, а ако го додадеме фактот и дека Матео Габија се повреди за време на загревањето, јасно е дека проблемите продолжуват да се нижат.

