Очекувано. Габриеле Гравина, првиот човек на Фудбалската федерација на Италија попладнево си поднесе неотповиклива оставка. Велиме очекувано ако се знае дека оваа земја не успеа да се пласира и на третиот Мундијал по ред, за 2018, за 2022 по вина на Македонија, и сега за 2026 по поразот од БиХ во Зеница.
Изборите за назначување на негова замена ќе се одржат на 22 јуни. На вонредниот состанок на FIGC присуствуваа претседателот на Серија А, Ецио Симонели, претседателот на Серија Б, Паоло Бедин, претседателот на Серија Ц, Матео Марани, претседателот на аматерската лига, Џанкарло Абете, претседателот на здружението на играчи, Умберто Калкањо, и претседателот на здружението на тренери, Ренцо Уливиери. Гравина ја извршува највисоката функција во Италијанската фудбалска федерација од октомври 2018 година.

