Невиден преседан: Мароко е нов шампион на КАН, одземена титулата на Сенегал

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невиден преседан: Мароко е нов шампион на КАН, одземена титулата на Сенегал
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

По цели 58 дена од она незаборавно финале во кое репрезентацијата на Сенегал ја совлада екипата на Мароко и стана шампион на Африка, работите целосно се менуваат. Фудбалската асоцијација на Африка го поништи резултатот од финалната средба и ги уважи жалбите на мароканската федерација. Со тоа, Мароко е прогласен за шампион на КАН со службена победа од 3:0.

Финалето кое се одигра во Јануари го одбележаа бројни контроверзи. Имено, во самиот финиш на натпреварот при резултат 0:0, мароканската репрезентација доби спорен пенал и шанса да го освои трофејот. Фудбалерите на Сенегал во знак на протест одлучија да го напуштат теренот и дури по 20 минути се вратија и го доиграа финалето. Судијата немаше избор и го продолжи натпреварот, а досудениот пенал Брахим Диаз не го искористи и мечот замина во продолженија. Во продолженијата репрезентацијата на Сенегал успеа да постигне гол и така стана првак на Африка. Но, веднаш по финалниот натпревар федерацијата на Мароко достави жалба до Фудбалската асоцијација на Африка. Во жалбата мароканците наведоа дека се оштетени и дека натпреварот требал да биде прекинат кога гостинските фудбалери го напуштиле теренот.

По долго дискутирање Фудбалската асоцијација на Африка ја уважи нивната жалба и им го додели шампионскиот трофеј.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата