(НЕ)ОЧЕКУВАНО: “Специјалниот“ нема да одржи прес во Мадрид!

23.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(НЕ)ОЧЕКУВАНО: “Специјалниот“ нема да одржи прес во Мадрид!
ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

И тоа е Жозе Мурињо. (Не)очекуван потег на “Специјалниот“. Но да тргнеме со ред. Португалскиот тренер Жозе Мурињо нема да ја предводи Бенфика против Реал Мадрид во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. Познатиот стратег ќе го пропушти тој дуел поради суспензијата што ја заработи во првиот натпревар поради критикување на судиите.
Сепак, според протоколот, тој требаше да го најави натпреварот и да биде на прес-конференцијата, каде што сигурно ќе имаше прашања за неговото враќање во Мадрид, Винисиус и слично… Сепак, според договорот со клубот, Мурињо нема да биде достапен за медиумите, но еден од неговите помошници, Жоао Траљао, кој не е премногу привлечен за шпанската јавност, ќе им се обрати.
Прес-конференцијата ќе се одржи во вторник, ден пред натпреварот што ќе се игра во среда во 21:00 часот.

Јасно е дека по овој потег на Жозе најмногу се разочарани медиумите во Шпанија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата