Меси, Нејмар и Мбапе? Најдобрите на светот не прават тим

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси, Нејмар и Мбапе? Најдобрите на светот не прават тим

Кристоф Галтие ги тренираше Меси, Нејмар и Мбапе во ПСЖ во сезоната 2022/2023 и нема најдобри спомени.

„Без сомнение, ги имав најдобрите играчи во светот. Но, најдобрите играчи во светот не прават тим“, рече тој во интервју за ici Paris Île-de-France во пресрет на финалето на Лигата на шампионите, каде што ПСЖ, предводен од Луис Енрике ќе се соочи со Интер.

Галтие, исто така, го спореди составот што го водеше во ПСЖ со оној што Луис Енрике го има на располагање сега.

„Она што се издвојува е импресивната колективност, со способност да се поминат многу километри со висок интензитет. Постои оваа способност да се видат сите како напаѓаат и се бранат. Тоа е единствениот начин да се има шанса да се освои Лигата на шампионите. Ова е модерен тим“, додаде тој.

По напуштањето на ПСЖ, Галтие го презеде катарскиот Ал Духаил.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата