ЛШ: Полуфинале за паметење, ПСЖ за гол подобар од Баерн во меч со 9 гола! (ВИДЕО)

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Полуфинале за паметење, ПСЖ за гол подобар од Баерн во меч со 9 гола! (ВИДЕО)
фото: Bayern Munich (X)

Европскиот шампион ПСЖ со минимална предност од само еден гол патува на гостувањето во Минхен во полуфиналето од ЛШ. ПСЖ славеше со 5:4 против Баерн, но меч кој долго ќе се памети како еден од најголемите спектакли видени во претпоследната фаза од најсилното европско натпреварување.

Дека вечерва ќе гледаме голеада беше познато уште во првите десетина минути, барем според пристапот во играта на двата тима. Баерн прв поведе со гол од пенал. Луис Диаз беше соборен во шеснаесетникот на Сафонов, а Хари Кејн погоди од белата точка за 0:1 во 17. минута.

ПСЖ брзо се опорави и преку фантастичниот Кваратсхелија израмни на 1:1 во 24. минута. Откако во меѓувреме видовме уште по една одлична шанса на двете страни, Невеш со прекрасен гол со глава го доведе домаќинот до 2:1 во 33. минута.

Баерн (М) продолжи да притиска, а неверојатниот Олисе со соло-потег успеа да израмни на 2:2 во 41. минута. Во финишот стигна спорен момент. ВАР реагираше на игра со рака во шеснаесетникот на Германците, Сандро Шерер ја прегледа сигуацијата и покажа на белата точка. Дембеле успеа да погоди за 3:2.

Во вториот дел ПСЖ почна жестоко и успеа да дојде до нови два гола со кои се чинеше дека полека го решава прашањето на овој натпревар. Кваратсхелија со својот втор го во 56. минута зголеми на 4:2, додека две минути подоцна Дембеле по вторпат погоди за 5:2.

Но, Баерн во типичен германски стил се враќа на голема врата. Упамекано во 65. минута погоди за 5:3, а само три минути подоцна Луис Диаз погоди и за 5:4. До крајот Баерн имаше темпо и за израмнување, но не успеа да го направи завршниот удар.

Овој фудбал е само најава за уште едно жестоко полуфинале следната недела во Минхен.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата