ЛШ – 1/4 финале: Страшниот Баерн против “кралевите“, Арсенал по секоја цена сака полуфинале!(ФОТО)

15.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ – 1/4 финале: Страшниот Баерн против “кралевите“, Арсенал по секоја цена сака полуфинале!(ФОТО)
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/

Вечерва од 21 часот на програмата се двата последни четвртфинални меча во Лигата на Шампионите. Се играат реваншите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, како и Арсенал против Спортинг Лисабон.

Јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон „Алијанц Арената“ во Минхен, каде страшниот Баерн го дочекува најтрофејниот клуб во ЛШ, Реал Мадрид. Германскиот гигант влегува со предност од 2:1 „заработена“ на „Сантијаго Бернабеу“ минатата недела. Сепак, сепак кој може така лесно да ги потцени „кралевите“. Тоа ќе биде спектакл, меч кој ќе се раскажува без разлика каков ќе биде исходот. Реално прогнозите велат дека составот на Винсент Компани е фаворит, игра во страшна форма, го има Мајкл Олисе, веројатно во моментов најдобриот фудбалер во светот, ќе ја има и поддршката од фановите.

Но, Реал е Реал, ништо однапред не се знае.

Асенал е во кома. По елиминациите во Лига Купот и ФА Купот, како и по киксовите во Премиерлигата, тимот на Микел Артета е исправен пред голем предизвик. Имено вечерва на „Емирејтс“ реваншот со Спортинг Лисабон го пречекува со предност од 1:0. Арсенал сака по секоја цена да се оди натаму, да се пласира во следната фаза. Во случај во тоа да успее тогаш викендов супер – дербито со Манчестер Сити ќе го дочека во победничка атмосфера. Ако биде поинаку, тогаш нека му ја мислат и Артета и неговите играчи. Токму затоа овој вечерашен реванш со Спортинг е од екстра значење.

Колку за потсетување. Подобриот од двомечот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во полуфиналето ќе оди на ПСЖ, додека подобриот од двомечот Арсенал – Спортинг Лисабон во следната фаза ќе се сретне со Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата