ЛН: Англија и се реваншираше на Шпанија и како прва оди во четвртфинале

15.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛН: Англија и се реваншираше на Шпанија и како прва оди во четвртфинале
фото: England (X)

Фудбалската репрезентација на Англија приреди големо изненадување во Мадрид, совладувајќи го актуелниот светски шампио, Шпанија со 3:2, во последното коло од групната фаза во Лигата на нации. Со овој триумф „Гордиот Албион“ го освои првото место во групата, а воедно ѝ се реваншираше на Шпанија за поразот од 3:2 на „Вембли“ во првиот меѓусебен дуел.

Англичаните поведоа во финишот на првото полувреме, кога Хари Кејн беше соборен во шеснаесетникот, а самиот капитен сигурно го реализираше пеналот за 1:0. Вистинскиот удар за Шпанците следуваше во второто полувреме. Англија за само четири минути постигна два гола и поведе со убедливи 3:0. Прво Конса во 53. минута погоди по корнерот на Деклан Рајс, а во 57. минута Бен Вајт ја затресе мрежата за голема предност на гостите.

Сепак, Шпанија не се предаде. Во 65. минута Микел Ојарзабал од пенал намали на 3:1, откако претходно Ламин Јамал беше фаулиран во шеснаесетникот. Англичаните останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Елиот Андерсон. Тоа им даде дополнителен мотив на домаќините, кои во 75. минута преку Нико Вилијамс, по асистенцијата на Јамал, намалија на 3:2.

Во последните петнаесетина минути следуваше силен притисок на Шпанците, кои се обидоа да избегнат пораз, но англиската одбрана издржа и ја сочува големата победа.

Со овој расплет Англија го освои првото, а Шпанија второто место во групата. Двете селекции обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на нации, кое ќе се игра во март 2027 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата