46-годишниот бразилски фудбалски ас, Роналдињо, денеска направи неочекуван кам-бек, настапувајќи за италијанскиот третолигаш Равена на дуелот против Форли, кој неговиот тим го доби со 2:0. Роналдињо беше стартер и одигра едно полувреме, по што беше испратен со овации од публиката.
„45 минути поминаа пребрзо. Фудбалот отсекогаш бил најубавата работа во мојот живот. Дали ова беше мојот последен натпревар? Не знам. Ако претседателот повторно ме повика, ќе се вратам“, изјави Роналдињо.
Некогашниот освојувач на „Златната топка“ во 2005 година официјално се повлече од фудбалот во 2018 година, а последниот професионален натпревар пред денешниот кам-бек го одигра во 2015 година за Флуминенсе.
Ronaldinho vs Forli
46 years old https://t.co/CiPo8Mwzfi
— c0mp (@c0mpmilano) November 15, 2026

