Лапорта: Не предаде „ќељавиот“, ни заби нож во грб

14.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лапорта: Не предаде „ќељавиот“, ни заби нож во грб

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, благо кажано, е разочаран од заминувањето на еден од талентите од „Ла Масија“, Дро Фернандес.

Дро помина низ фудбалската школа на Каталонците, играше за „Б“ тимот, дебитираше за првиот тим, но, на изненадување на многумина, претежно луѓе од клубот, на крајот на јануари направи пресврт во кариерата и се пресели во Пари Сен Жермен.

Парижаните им платија на Каталонците осум милиони евра за слободата на еден суперталентиран играч и добија потенцијално нова ѕвезда.

Претседателот на Барса Лапорта зборуваше за заминувањето на Дро како „предавство“ на клубот од страна на неговиот играч, но тој го има тоа чувство повеќе поради агентот на играчот – поранешниот играч на Барселона, Иван де ла Пења.

„Заминувањето на Дро беше како некој да ни забоде нож во грб. Се чувствував како измамен од Иван. Со Мендеш успеавме да го задржиме Ламин (Јамал), додека поради „ќелавиот“, (прекарот на Иван де ла Пења), Дро отиде во ПСЖ. Да беше Мендеш агент на Дро, ова немаше да се случи“, рече Лапорта за време на интервјуто за емисијата „Хијантес“.

Претседателот на Барселона во заминување, кој ќе се кандидира за четврти мандат на чело на клубот, нема добро мислење за Де ла Пења, особено поради фактот што тој е играч кој одиграл над 100 натпревари за Барселона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата