Конечно Ливерпул покажа зошто е шампион, спектакуларен меч за инфаркт одиграа Барнли и Брентфорд!

28.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конечно Ливерпул покажа зошто е шампион, спектакуларен меч за инфаркт одиграа Барнли и Брентфорд!
ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/

Попладнево се одиграа три меча од 28.коло во Премиерлигата. И конечно, Ливерпул одигра како што му доликува и покажа дека е актуелен шампион, славејќи против Вест Хем со 5:2.

Серијата голови ја отвори Екитике во 5.минута, а на крајот од првото полувреме беше 3:0, стрелци беа и Ван Дајк и Мекалистер.

Во продолжение од средбата на „Енфилд“ погоди Гакпо а Дисаси си постигна автогол. За “чеканите“ погодија Соучек и Кастеланос.

Спектакуларен меч одиграа Барнли и Брентфорд, кој на крајот заврши 3:4. Неверојатен меч, меч за инфаркт.

Гостите имаа предност од 0:3 со головите на Дамсгард, Тиаго и Шаде, сите во првиот дел, домашните намалија во 45+7. со автоголот на Кајоде. Во продолжение Барнли израмни на 3:3 со головите на Антони и Флеминг. Домашните постигнаа и четврти гол за 4:3, но истиот беше поништен поради офсајд. И во 90+3.Дамсгард погоди за 3:4, а победа. Во 90+7.минута Барнли дојде постигна уште еден гол, но ВАР повторно му го поништи голот.

На “Ст.Џејмс Парк“ домашниот состав на Њукасл доживеа пораз од Евертон со 2:3. Рамзи и Марфи погодија за домашните, а Брантвајт, Бето и Бери погодија за „карамелите“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата