Манчестер Јунајтед одреди цена од 40 милиони фунти за продажба на Расмус Хојлунд. Според информацијата на „ТокСпорт“, Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде напаѓачот ова лето, па дури се пишува дека раководствбото на тимот веќе имало контакт со преставници на германски РБ Лајпциг за да им го продаде Данецот токму ним.
Наводно разговорите биле паралелни со оние кои се водеа за доаѓање на Шешко на „Олд Трафорд“, но Данецот не бил заинтересиран за трансфер во германскиот клуб.
Се наведува дека доколку го напушти Манчестер Јунајтед, Хојлунд би претпочитал да се пресели во друг клуб од Премиер лигата или да се врати во Серија А.