Крајно неуспешна генералка за Тотенхем пред Суперкупот кој се игра во среда против ПСЖ. Тимот од Лондон во Минхен на „Алијанц Арената“ беше “торпедиран“ од Баерн Минхен со 4:0. Јасно е дека тешко ќе одат работите без Сон кој се пресели во МЛС и без Медисон кој поради тешка повреда ја заврши сезоната уште пред таа да почне.
Се играше 12.минута кога Хари Кејн стрелаше за 1:0 за „баварците“ против својот некогашен тим. Сепак нешто подоцна не успеа од пенал да зголеми на 2:0.
До крајот на оваа контрола, за Баерн Минхен стрелци беа Коман, Карл и Куси Асаре.
Во тимот на Винсент Компани своја минутажа имаше и новакот Луис Диас.