“Чеканите“ се избламираа: Вест Хем одби да му понуди нов договор на Антонио! (ФОТО)

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Чеканите“ се избламираа: Вест Хем одби да му понуди нов договор на Антонио! (ФОТО)
ФОТО: West Ham United F.C./FB

Миленикот на навивачите, човекот кој едвај остана жив по сообраќајна несреќа и едвај успеа да се опорави, не ја доби наградата што ја заслужуваше, но му беше кажано дека е вишок и дека повеќе не е играч за клубот на кој му даде толку многу.

Вест Хем денес потврди дека нема да го обноват договорот со Мајкл Антонио. Неговиот договор истече во јуни, но напаѓачот не е на теренот од декември кога доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Во меѓувреме, тој се врати на теренот и дури одигра три пријателски натпревари за репрезентацијата на Јамајка. Сепак, клубот не сакаше да го награди за сè што направи за нив во текот на неговата кариера и да му го продолжи договорот.

Сите во Вест Хем сакаат искрено да му се заблагодарат на Мајкл за неговата извонредна и посветена служба во бордо-синиот дрес во последните 10 години“ – се наведува во соопштението за медиумите на клубот.
Сепак, Вест Хем наведува дека ќе му најдат алтернативна улога во клубот.
“Како што беше случај од минатиот декември, клубот ќе продолжи да го поддржува и да му помага за време на рехабилитацијата, нудејќи му пристап до тренинг, објекти и медицинска нега доколку е потребно“ – соопшти Вест Хем.
Во тој период, Антонио одигра дури 323 натпревари и постигна 83 гола.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата