Јувентус сака трампа: Влаховиќ за Тонали!

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус сака трампа: Влаховиќ за Тонали!

Според италијанските медиуми, Јувентус и Њукасл би можеле да разменат две ѕвезди на своите тимови.

Имено, откако Бенјамин Шешко одлучи да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед, Њукасл има очајна потреба од напаѓач.

Тимот од Премиер лигата би сакал да го види Душан Влаховиќ во своите редови, кој чини 20 милиони евра. Од друга страна, Јувентус долго време го сакаше Сандро Тонали, поранешен играч на Милан, кој беше платен 65 милиони евра.

Јасно е дека Јувентус ќе мора да плати дополнително ако сака одличен играч за врска, но тоа сигурно нема да биде проблем.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата