После 133 години постоење ќе згасне вториот најстар холандски тим

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
После 133 години постоење ќе згасне вториот најстар холандски тим
Фото: Витесе Твитер

Холандскиот фудбалски клуб Витесе дефинитивно остана без професионална лиценца, а таа одлука ја потврди и судот во Утрехт. Со тоа, вториот најстар професионален клуб во Холандија (постар е само Спарта Ротердам), по 133 години постоење, исчезнува од професионалната фудбалска сцена, пишува nos.nl. Судот пресуди дека комисијата за лиценцирање и Холандската фудбалска федерација (КНВБ) правилно ги следеле сите правила и дека донесената одлука е разумна.

Лиценцата е одземена затоа што КНВБ смета дека клубот со години го заобиколувал и поткопувал системот за лиценцирање.

„Витесе добиваше шанса по шанса, но не ги искористи. Клубот не покажа подобрување“, изјави вчера во судницата адвокатот на холандската федерација. 

Од Витесе се обиделе да го уверат судијата дека ја обезбедиле иднината на клубот, но не успеале.

Крај на професионалниот фудбал по 133 години
Со оваа одлука завршува ерата на професионалниот фудбал за клубот од Арнем, стар 133 години. Натпреварот од првата лига против Алмере Сити, закажан за сабота, ќе биде откажан.

„Што носи иднината за Витесе, моментално е нејасно“, стои во соопштението на клубот, и се додава: „Истражуваме сè што е можно. Во меѓувреме, раководството на клубот останува во разговори со засегнатите страни со цел да се обезбеди опстанок на фудбалот во Арнем.“


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата