Изгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња
фото: AC Milan (X)

Фудбалерите на Милан славеа на гости кај екипата на Болоња со 3:0 во натпревар од Серија А. Херој во победата на Милан беше Адриен Рабио, кој постигна гол и асистенција, додека Рубен Лофтус-Чик и Кристофер Нкунку исто така постигнаа голови, едниот од пенал.

Со овој триумф, Милан се доближи до Интер на -5 бода, а избега од Наполи на +4, односно од Јувентус на +5, додека Болоња продолжи да тоне, ова е нивниот трет пораз по ред, и сега се 10-ти на табелата.

Во следното коло, Милан гостува кај Пиза, додека Болоња ја пречекува Парма.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата