Интер победнички и на гостувањето кај Каљари (ВИДЕО)

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер победнички и на гостувањето кај Каљари (ВИДЕО)
фото: Inter (X)

По двата порази од Удинезе и Јувентус, Интер се врати на победнички патеки. По победата над Сасуоло во минатото коло, момците на кристијан Киву се враќаат со трите бода и од гостувањето кај Каљари.

Вечерва во мечот од петтото коло на Серија А, Интер славеше на гости кај Каљари со 2:0 и ја оствари третата победа оваа сезона, со која полека се приближува кон самиот врв на табелата.

„Нероаѕурите“ дојдоа во водство со голот на Лаутаро Мартинез во 9-тата минута од мечот, а конечните 0:2 ги постави Еспозито со погодокот во 82. минута.

Cagliari 0-1 Inter – Lautaro Martínez 9′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Cagliari 0-2 Inter – Pio Esposito 82′
byu/4gjdtokurwa insoccer


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата