Она што синоќа беше најавено, денеска е потврдено. Рома му се заблагодари на Калудио Раниери за неговата соработка и тој повеќе не е специјален советник на раководителот на клубот задолжен за спортски прашања.
Италијанските медиуми брујат дека оваа ситуација се случила поради конфликтот меѓу Раниери и тренерот Џанпјеро Гасперини, и дека Раниери побарал од семејството Фредкин (кое донесува одлуки во Рома) да изберат меѓу тренерот и него, и дека тие го избрале популарниот Гаспо.
Гасперини зборуваше за целата оваа приказна:
„Мојата работа е теренот и тоа е единственото нешто што не ме интересира. Раниери? Јас не ја започнав целата приказна, тој е оној што ја направи. И ме изненади, бидејќи пред тоа немаше ни најмала тензија меѓу нас“, рече Гасперини.
Кога го прашале дали ова значи дека ја добил битката, тој одговорил:
„Ја чувствувам поддршката од челниците на клубот уште од првиот ден. Не требаше да дојде до ова, бидејќи Рома мора да биде поважна од сите нас“, рече Гасперини и додаде:
„Ме вовлекоа во оваа тема за која не сакам да зборувам. Ме интересираат само играчите, теренот и како да ги направиме нашите навивачи среќни“, заклучи Гасперини.
sportmedia.mk

