„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах

11.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах
фото: Bayer Leverkuzen (X)

Во дербито на колото во германската Бундеслига, екипата на Баер Леверкузен победи на гостински терен против Борусија Дортмунд со резултат од 1:0, а Андрих го постигна решавачкиот гол на крајот од првото полувреме.

Хајденхајм го победи Унион Берлин со резултат од 3:1, а Ајнтрахт славеше на гостински терен против Волфсбург, беше 2:1 за гостите.

Во еден од најинтересните натпревари екипата на Лајпциг успеа да слави над екипата на Борусија (М) со минимални 1:0 со голот на Диоманде во самата завршница.

Денешната програма ќе заврши со натпреварот меѓу Санкт Паули и Баерн, кој е закажан за 18:30 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата