Елиот Андерсон и официјално е нов играч на Манчестер Сити

2.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елиот Андерсон и официјално е нов играч на Манчестер Сити

На среде Мундијал, и со одработени медицински прегледи во Канзас, САД, Елиот Андерсон и официјално стана член на тимот на Манчестер Сити.

Неговиот досегашен клуб, Нотигнем Форест доби фантасични 135 милиони фунти обештетување за англискиот репрезентативец, кој што дефинитивно го прави трансферот на овој летен преоден рок до овој момент.

Секако, официјалната промоција на играчот ќе се случи откако експедицијата на Англија ќе се врати од Мундијалот, а тоа секако не се знае кога точно ќе се случи.

Сега, официјално ова е еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот. Кутињо своевремено премина од Ливерпул во Барселона во 2017 година за истата сума, а пред ни се оние на Исак во Ливерпул за 145 милиони, Усман Дембеле во Барселона како и трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе во ПСЖ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата