Дочекавме и тоа: Нетфликс ги откупи правата за пренос на Мундијалот во Шпанија

13.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дочекавме и тоа: Нетфликс ги откупи правата за пренос на Мундијалот во Шпанија

Американскиот стриминг сервис популарниот Нетфликс, на големо влегува во спортскиот бизнис. Оваа американска компанија и официјално ги откупи правата за пренос на мечевите од Мундијалот во 2030 година за пазарот во Шпанија. Оваа земја секако е ко организатор на турнирот заедно со Мароко и Португалија.

Нетфликс веќе одработува еден ваков проект, затоа што ги има откупено правата за женскиот Мундијал во 2027 однодно 2031 година, а еве сега оди и чекор понатаму.

Договорот ги опфаќа сите 104 натпревари од турнирот, на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Нетфлиџ објави дека во Шпанија по еден натпревар дневно од натпреварувањето ќе биде достапен бесплатно.

Покрај тоа, потврдија дека ќе обезбедат пакет – кој ги вклучува сите натпревари на шпанската репрезентација, како и двете полуфиналиња и финалето – за еден од шпанските национални телевизиски емитери.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата