Чави се враќа на Блискиот Исток, го презема Ал Итихад

28.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чави се враќа на Блискиот Исток, го презема Ал Итихад

Легендата на шпанскиот фудбал, Чави по куса пауза наскоро се враќа на тренерската работа. Според последните информации Чави може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Каталонскиот стратег е еден од кандидатите за функцијата главен тренер на Ал-Итихад по отпуштањето на Лоран Блан, објавува инсајдер Матео Морето.

Преговорите меѓу двете страни се во тек. Сепак, Чави не е единствениот кандидат за тренерската позиција на саудискиот клуб.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата