Брага „го прегази“ Ференцварош и е прв четврт-финалист во ЛЕ

18.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брага „го прегази“ Ференцварош и е прв четврт-финалист во ЛЕ
фото: SC Braga (X)

Фудбалерите на Брага лесно ја совладаа екипата на Ференцварош со 4:0 во  осминафиналниот дуел од Лигата на Европа. Португалскиот тим имаше негатива од 2 гола по првиот натпревар кој се одигра пред 6 дена, но на домашен терен успеа да ја анулира предноста на унгарците и се пласираше во следната рунда

Прашањето на победник беше решено уште во првото полувреме, бидејќи по почетните 45 минути домашниот тим веќе имаше предност од 3 гола. Рикардо Хорта го отвори натпреварот во 11-тата минута, а Грилич го зголеми водството на својот тим само 4 минути подоцна. Во 34-тата минута Мартинез го постигна и третиот гол за Брага. Во вториот дел гостинските фудбалери имаа неколку шанси и се обидоа да се вратат, но Рикардо Хорта постигна уште еден погодок во 53-тата минута и стави точка на овој двомеч.

Брага е првиот тим кој се пласираше во четвртфиналето од ЛЕ. За противник, португалскиот тим, ќе го има победникот од дуелот меѓу Панатинаикос и Бетис. Да потсетиме дека во првиот натпревар во Грција, домашниот тим славеше со 1:0 и ќе има задача да ја одбрани таа предност во Шпанија.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата