Белингам: Мечот во Минхен за нас е финале

15.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белингам: Мечот во Минхен за нас е финале

Нема дилеми дека вечерашниот реванш дуел од Лигата на Шампионите, четвртфинална фаза помеѓу екипите на Баерн Минхен и Реал Мадрид е од клучно значење за ова натпреварување сезонава.

Едноставно еден од овие два тима вечерва ќе испадне, а се знае дека ЛШ во завршницата без Баерн Минхен или Реал Мадрид не е истото натпреварување.

Токму затоа, вечерва од 21:00 часот на Алианц арената во Минхен, Реал Мадрид има историска задача да ја анулира негативата од првиот меч од 2:1, и да се обиде да мине понатаму. Тоа секако ќе биде ѓаволски тешко, но квалитетот на Реал ветува голем дуел и вечерва.

„Свесни сме за нашата ситуација и сме подготвени, фокусирани. Натпреварот во Минхен е финале за нас. На крајот на краиштата, нашата сезона зависи од тоа. Ќе се обидеме да дадеме сè од себе“, рече играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, додавајќи….

„Секој пораз во Лигата на шампионите е катастрофа, со оглед на нашата моментална ситуација. Влоговите се високи, сè или ништо. Нема да се криеме, нема да имаме други опции. Мора да играме и да победиме“,  англичанецот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата