Барса ги наградува Жерар Мартин и Марк Бернал со нови богати договори

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса ги наградува Жерар Мартин и Марк Бернал со нови богати договори

Екипата на Барселона стандардно размслува визионерски кога станува збор за младите и перспективни нејзини играчи. Во таа насока е и планот да им се дадат нови богати договори на младите Жерар Мартин и Марк Бернал кои што со своите игри и залагање во последниот период едноставно го заслужија ова.

Жерар Мартин веќе е сметан за замена за Алехандро Балде кој што засега има голема минутажа но ништо не е загарантирано на така високо ниво.

Бернал исто така има договор кој што е со траење до 2029 година но очигледно дека клубот планира да го награди пред се на финансиски план, а потоа и да го осигура на долг период.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата