Арбелоа му врати на Флик:“Прашајте ја Барселона“! (ВИДЕО)

13.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арбелоа му врати на Флик:“Прашајте ја Барселона“! (ВИДЕО)
фото: Real Madrid C.F. (X)

Фудбалските натпревари често се играат не само на теренот, туку и во салите за прес-конференции, каде што зборовите стануваат оружје. Изјавите, индиректните напади и острите забелешки се составен дел од големото соперништво, а најновата размена на такви дојде од тренерите на Барселона и Реал Мадрид.

Сè започна пред натпреварот од Купот на кралот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона. За време на прес-конференцијата, каталонскиот тренер Флик беше прашан дали неговиот тим имал среќа во ждрепката. Неговиот одговор беше краток, но исклучително остар:

Прашајте го Реал Мадрид“.

Со оваа забелешка, тој директно се осврна на шокантната елиминација на „лос бланкосите“ од второлигашот Албасете на истиот турнир, одговарајќи на оние кои не го ценеа пласманот на Каталонците во полуфиналето. Реакцијата од Мадрид не се одолговлекуваше.

Само 48 часа подоцна, на прес-конференција пред натпреварот од Ла Лига против Реал Сосиедад, дојде редот на тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. На прашањето дали го гледал натпреварот од Купот на кралот помеѓу Атлетико и Барселона (4-0), тој одговори во ист стил.
Неговиот одговор беше подеднакво категоричен и потсмевлив: „Вчерашниот натпревар? Прашајте ги Барса и Флик.

Така, Арбелоа не само што ја врати топката во противничкото поле, туку и го засили чувството на војна на зборови меѓу двата шпански гиганти, каде што секој збор има своја

тежина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата