Синоќешниот пораз на тимот на Реал Мадрид во дуелот на домашен терен против тимот на Гетафе во рамките од новото коло во Примера шампионатот и тоа на домашемн терен делува шокирачки на Сантијаго Бернабе.
Конечните 0:1 говорат дека Реал не само што не погоди во противничката мрежа, туку и не успеа да се одбрани.
Тренерот на Мадрид, Арбелоа ја презема тотално одговорноста за дебаклот.
„Јас сум виновен за овој пораз. Нема да ги обвинам играчите секако по се што сториај вечерва. Можеме да се подобриме, но одговорноста е моја. Нашата цел е да ги освоиме преостанатите 36 бода. Мора да го добиеме следниот натпревар против Селта. Никогаш не се откажуваме. Дали Ла Лига заврши? Не, не. Имаме уште 36 бода и ќе се бориме до крај. Само четири бода се разликата со Барселона, можеме да ги стигнеме. Ова е Реал Мадрид“, – ја презеде вината за поразот Арбелоа, па додаде.
„Исклучување на Мастантуоно? Ова не треба да се случи. Не знам што рече. Жолтите картони сега нè оставаат без важни играчи. Разбирам зошто навивачите ме исвиркаа кога го заменив Питарч. Имаше многу паузи во играта. Судијата ги дозволи. Но, ова не е критика; Хетафе играше добро. Хетафе се бранеше многу добро. Требаше да бидеме поагресивни.“ – рече младиот стратег.

