Деветгодишно девојче допрело соголена жица од бандера на детско игралиште- се бори за живот (ВИДЕО)

28.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветгодишно девојче допрело соголена жица од бандера на детско игралиште- се бори за живот (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во првата недела од септември, додека, според познатите информации, родителите на девојчето поднеле тужба пред неколку дена, барајќи одговорност за небрежноста што го загрозила животот на нивното дете, објави грчки Си-Ен-Ен .

Имено, додека девојчето си играло, се приближило до бандера на игралиштето. Несвесна за опасноста, ги допрела жиците што не биле заштитени, што резултирало со силен електричен удар, по што паднала на земја. Нејзината мајка, која била во близина кога сè се случило, се загрижила кога видела дека снемало струја во областа, а потоа и кога сфатила дека нејзиното дете исчезнало од нејзиниот видокруг.

@protothema.gr Αρτέμιδα: 9χρονη έπαθε ηλεκτροπληξία από γυμνά καλώδια σε παιδική χαρά #protothema #greektiktok #tiktokgreece #news ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr

Кратко потоа, ја пронашла својата деветгодишна ќерка како лежи на земја во состојба на шок, неспособна да се движи или нормално да зборува.

Семејството на девојчето поднесе официјална жалба, наведувајќи „кривична небрежност“ од страна на властите во одржувањето на безбедноста на општинската инфраструктура.

Тие велат дека детето било во опасност и дека инцидентот можел да има трагичен исход. За среќа, девојчето е хоспитализирано без компликации.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата