Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

16.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A).

Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото.

https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата