На интернет стана вирална застрашувачката средба меѓу млада голема бела ајкула и група тинејџери кои не биле свесни за нејзината близина, крај брегот на Јужна Калифорнија.
Снимката од воздух е направена од Карлос Гауна, познат како „The Malibu Artist“, кој го документира однесувањето на ајкулите со помош на дронови.
На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.
Ајкулата ѝ се приближи на групата, очигледно од љубопитност, додека децата воопшто не биле свесни дека потенцијално опасно животно се наоѓа на само неколку метри од нив.
Белата ајкула кружеше во нивна близина неколку мигови, додека пливачите безгрижно продолжуваа да си играат во водата.

