Јапонија го поевтинува вадењето пасоши за младите да патуваат повеќе во странство

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија го поевтинува вадењето пасоши за младите да патуваат повеќе во странство

 Јапонскиот парламент денеска ги усвои измените на законот за пасоши, намалувајќи ги таксите за поднесување барање за издавање патна исправа со цел да се зголеми бројот на сопственици на пасоши и да се поттикнат патувањата во странство, особено меѓу младите луѓе, пренесуваат јапонските медиуми.

Според ревидираниот закон, таксата за пасош со важност од 10 години за подносителите на возраст од 18 и повеќе години ќе падне од сегашните 16.300 јени на 9.300 јени за барањата поднесени на шалтерите за тие услуги, пренесува Кјодо.

Пониските такси ќе се применуваат на барањата поднесени од 1 јули.

Сегашните такси од 11.300 јени за лицата на возраст од 12 до 17 години и 6.300 јени за децата под 12 години ќе бидат заменети со единствена такса од 4.800 јени. Онлајн кандидатите ќе добијат попуст од 400 јени, без оглед на типот на пасошот.

Владата се надева дека овој потег ќе помогне во зголемувањето на релативно ниската стапка на сопственици на пасоши во Јапонија, оценува Кјодо. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата