Настанот се одржа со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кого од организаторите го нарекуваат свој духовен татко.
За 39-те двојки, овој ден претставуваше посебен и незаборавен момент – можност својата љубов да ја потврдат пред Бога, во присуство на најблиските и во духот на верата.
Групната венчавка донесе 39 нови брачни завети, многу емоции и радост, а секој од паровите го започна своето ново животно поглавје со желба за заедничка иднина исполнета со љубов, разбирање и меѓусебна поддршка.

