Мечот бил користен во познатиот дуел за време на кој Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко, изговарајќи една од најпознатите реплики од филмската сага: „Јас сум твојот татко“, објави АП.
Аукциите „Херитиџ“, кои ја организираа продажбата како дел од „Ултимативната аукција на Војна на ѕвездите“, соопштија дека тоа е најскапиот реквизит од серијата што всушност бил користен за време на снимањето.
Претходниот рекорд беше поставен во јули, кога светлосниот меч на Скајвокер, заедно со реквизит што ја претставува неговата отсечена рака, беа продадени за 3,75 милиони долари.
Аукцијата вклучува и 27 други светлечки мечеви од „Војна на ѕвездите“, како и предмети од сите девет епизоди од филмската серија и други филмови и телевизиски продукции.

