73-годишниот Сигал беше снимен по парадата, а социјалните медиуми беа преплавени со коментари и исмејувања на актерот кој се здоби со слава во бројни акциони филмови во 1980-тите и 90-тите.
Некои го споредуваат со злиот владетел Минг од филмот „Флеш Гордон“ од 1980 година.
Други, пак, пронајдоа сличност со Мики Маус, други коментираа за неговата коса, а имаше и други добри шеги.
Steven Seagal among guests pic.twitter.com/Vz1XaynPmG
— Russian Market (@runews) May 9, 2025
„Путин може да го задржи“
„Има линија на коса како на Мики Маус“, „Убава коса“, „Изгледа како вампир“, „Секој ден се дебелее“ и „Путин може да го задржи“, се само дел од коментарите откако се појави на парадата во Москва.
Доби руско државјанство
Сигал претходно го нарече рускиот претседател Владимир Путин „еден од најголемите светски лидери, ако не и најголемиот, кој е жив денес“. Во 2016 година, тој доби руско државјанство, а две години подоцна, руското Министерство за надворешни работи го назначи за „специјален претставник за руско-американски културни врски и културно-историско наследство“.
Во 2023 година, Путин му го додели Орденот за пријателство, а актерот постојано ја фали Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина.