Спиела со 1000 мажи за 12 часа! Објавен документарец за контроверзната Бони Блу: „Срамота е што вакво нешто се емитува“

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спиела со 1000 мажи за 12 часа! Објавен документарец за контроверзната Бони Блу: „Срамота е што вакво нешто се емитува“

Документарниот филм „Bonnie Blue: 1000 Men and Me“ беше емитуван синоќа на британскиот „Channel 4“ и предизвика бурни реакции во јавноста.

Едночасовниот филм го следи провокативниот перформанс на креаторката на содржини за возрасни, која планирала во рок од 12 часа да има односи со 1.057 мажи. Документарецот се обидува да истражи дали Бони „опасно им подлегнува на машките фантазии или, пак, е оснажена претприемачка која ја афирмира сексуалната слобода“.

Заработува милиони

Бони, чие вистинско име е Тија Балинџер, била една од најуспешните креаторки на OnlyFans, тврдејќи дека заработувала повеќе од два милиони долари месечно.

Откако станала позната, Бони често била предмет на контроверзии – од признанието дека за време на „Freshers' Week“ во Велика Британија имала односи со момчиња кои штотуку станале полнолетни, до јавното говорење за секс со оженети мажи кои биле незадоволни од своите бракови.

И покрај обвинувањата дека придонесува за мизогинија и сексуална објектификација на жените, таа во документарецот ги отфрла тврдењата дека е „трауматизирана“ поради сето тоа.

Во филмот, пред да бидат прикажани некои од нејзините снимки, се слуша предупредување од нараторот: „Содржи пцовки, целосна голотија, експлицитни сексуални сцени и содржина што може да биде навредлива.“

„Срамота е што се емитува вакво нешто“

Многу гледачи бурно реагираа и го критикуваа документарецот на социјалните мрежи.

„Срамота што ова воопшто се емитува. „Channel 4“ следи жена која мисли дека не е лоша личност, а всушност промовира деструктивни пораки и тоа го нарекуваат документарец. Тажно и срамно,“ напиша Луиз на мрежата Х.

Други се запрашаа зошто Бони воопшто добила простор во програмата:

„Зошто „Channel 4“ ѝ дава простор на луѓе како Бони Блу кои ги поткопуваат правата на жените и промовираат мизогинија?“ – праша Фло.

Еден гледач додаде: „Не ми продавајте приказна дека Бони Блу е некаква пионерка на женските права. Не се сите подготвени да прават тоа што таа го прави за пари.“

„Истражуваме приказни што ги поместуваат границите“

Бидејќи се очекувале негативни реакции, уредникот на документарната програма на Channel 4, Тим Хенкок, ја бранеше одлуката документарецот да се емитува:

„Сметам дека задача на „Channel 4“ е да истражува приказни што ги поместуваат границите на современиот морал,“ изјави тој.

„Оваа приказна за Бони е само врв на ледениот брег. Од пандемијата наваму, има огромни промени во прифаќањето на содржини за возрасни и во профилот на луѓето што ги создаваат.“

Иако документарецот беше емитуван, платформата „OnlyFans“ го оцени како премногу екстремен и забрани негово стримање на својата платформа. Бони е целосно отстранета од OnlyFans, особено по најавата за нов настан наречен „petting zoo“, во кој планирала да биде „ставена во кутија за луѓето да можат да прават со неа што сакаат.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Channel 4 (@channel4)

 

Пренесува (Blic

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата