Саша БаронКоен ќе игра во театарска претстава на Квентин Тарантино

13.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саша БаронКоен ќе игра во театарска претстава на Квентин Тарантино

„Попинџеј Кавалер“, сместен во Европа во 1830-тите, беше најавен претходно оваа година и е првата театарска претстава напишана од Тарантино, објавува „Гардијан“.

„Кога ќе ве повика најдобриот режисер во светот, не поставувате прашања“, рече Барон Коен, додавајќи дека е воодушевен што соработува со Тарантино.

Најпознат по своите филмски класици „Pulp Fiction“ и „Reservoir Dogs“, Тарантино рече дека со нетрпение очекува „да му пружи на Вест Енд одлична вечер“.

Премиерата на претставата е закажана во март следната година, но билетите се пуштени во продажба денес, а претставата претходно беше најавена како „комедија на измама и маскирање инспирирана од големите авантуристички епови на сцената и екранот“. Барон Коен, 54, е познат по своите комични ликови што ги создава сам, вклучувајќи го озлогласениот лажен гангстер Али Г, казахстанскиот новинар Борат Сагдиев и австрискиот моден дизајнер Бруно Гехард. Тој е добитник на две награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) и три Златни глобуси, а исто така е номиниран за три Оскари и шест Еми награди.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата