Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak)

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата