Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула.

Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон.
Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот.
Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс.

Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.

