- Секогаш во моите договори имав внесено дека нема да бакнам друга жена на екранот. Мојата сопруга немаше никаков проблем со тоа. Всушност, јас бев оној кој има проблем. Ѝ реков еднаш: „Да, не сакам да те оставам да минуваш низ тоа. Знам дека ќе почнеме да имаме деца и не сакам да ги оставам моите деца низ тоа“, рече Мекдоноу.
Но, Мекдоноу (59), познат по своите улоги во „Јелоустоун“, „Стрела“, „Очајни домаќинки“, „Одела“ итн. - вели дека не требало многу за да западне во проблеми поради неговото „правило за небакнување“ на сцената.
- Кога не го правев тоа, а другите не можеа да го разберат сè тоа, Холивуд едноставно целосно се сврте против мене. Не ми дозволија веќе да бидам „дел од шоуто“. Па, две години не можев да најдам работа и изгубив сè што може да замислите. Не само куќи и материјални работи, туку ја губиш и твојата дрскост, твојот „кул“ став, тоа што си! Идентитетот, сè!, нагласи Мекдоноу.
- Се сеќавам како летав дома од Албакерки и - над пустината во Ново Мексико, па си велам: „Добро, штотуку ме отпуштија од ТВ-серија. Имам поголеми шанси да преживеам во таа пустина отколку да преживеам кога ќе слетам во Холивуд.“ И бев во право, раскажува тој.
Последиците, вели, од тој случај кога одбил снимање симулирана секс-сцена, вклучувале тежок период во неговата кариера, покрај „многу болно, скапо искушение“ предизвикано од тужбата на неименуваната серија против него. Сепак, глумецот тврди дека би го сторил сè тоа повторно.
- Знаев дека го направив вистинското за мојот брак. Знаев дека го направив вистинското за Бог. И знаев дека го направив вистинското за себе, додаде тој.
Според познавачите на американската сцена, Мекдоноу бил отстранет од краткотрајната серија „Лоши момци“ (Scoundrels) во 2010 година. Така, за неговиот нов филм, „Последното родео“ (The Last Rodeo), којшто Мекдоноу го напиша, режираше и каде што глуми, холивудскиот заводник ја избра својата сопруга за женската улога спроти себе.
- Е па, мојата сопруга е навистина згодна. Таа е убава жена и сè друго може да избледи во споредба со мојата сопруга, Руве, се пошегува тој. - Беше ифинансирано. Беше спремно за снимање и ѝ велам: „Нема да го снимам филмот освен ако не ја глумиш мојата сопруга. Затоа што нема да бакнам некоја друга жена на екранот.“ А, таа ми рече: „Па, јас не сум глумица.“ Јас ѝ возвратив: „Е па, сега - си. Па ајде да почнеме“, раскажува Мекдоноу.
Каубојскиот филм „Последното родео“ - со Микелти Вилијамс, Сара Џонс, Кристофер Мекдоналд и др. во споредните улоги, има оценка од 6,4 / 10 на ИМДБ.