Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

7.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виткоф и Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што  го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата