Вашингтон и Техеран со нови напади насочени кон инфраструктурни и воени цели

18.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон и Техеран со нови напади насочени кон инфраструктурни и воени цели

Според информациите, Кувајт бил под постојан напад, при што е погодена фабрика за десалинизација, а летовите на Меѓународниот аеродром во Кувајт биле прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала. Дополнително, иранските државни медиуми објавија дека во Бахреин, револуционерната гарда нападнала локација каде што биле собрани американски борбени авиони во воздухопловната база „Шеик Иса“ и Центар за разузнавачки податоци.

Централната команда на американската војска претходно соопшти дека го завршила својот седми последователен ден на напади со напаѓање на ирански места за надзор, воена логистичка инфраструктура и подземни складиште за оружје, а со цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на земјата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата