Редовниот лет на „Рајанер“ од Брисел (CRL) до Кастелон, Шпанија ќе остане во аналите на ирскиот превозник - овој пат поради прекрасен настан: имено, вчера на патничка во поодмината бременост ѝ пукна водењакот среде лет, а кратко потоа се породи со девојче - на надморска височина од 5.500 метри.
Кратко по полетувањето, бремената мајка, шпанска државјанка, почнала да чувствува контракции, а потоа ѝ пукнал водењакот. Екипажот веднаш го известил капетанот, кој донел одлука да го пренасочи летот кон најблискиот соодветен аеродром.
Авионот „Боинг 737-8“ на ирската нискобуџетна авиокомпанија бил пренасочен и брзо слетал на аеродромот Лимож (LIG) во регионот Нова Аквитанија во Франција, објави порталот „Aviation24“. Сепак - бебето не сакало да чека помош од страна.
Итните служби биле подготвени и чекале авионот да застане. Според „Хафингтон пост“, на местото на настанот биле испратени пожарникари, единица за интензивна нега со инкубатор, болничар, лекар, бабица и медицинска сестра анестезиолог. Сепак, кога авионот слетал, малото девојче веќе било во прегратките на нејзината мајка. И мајката и новороденчето биле префрлени во блиската болница веднаш по слетувањето, а според извештаите, двајцата се во одлична здравствена состојба.