Трамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноември

22.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноември

Украинскиот конфликт ќе биде регулиран многу побргу од очекуваното а САД и Иран ќе склучат договор набргу после среднорочните избори во Америка, по што глобалните цени на нафтените деривати значително ќе паднат – соопшти американскиот лидер Доналд Трамп во своето обраќање пред главното собрание на Обединетите нации. Трамп настојува на тоа дека Иран во иднина не смее да има своја нуклеарна програма а ги покани и останатите  присутни лидери во Генералното собрание да се придружат кон економските санкции врз Иран.

„Дали да ги однесам (Иран) во пеколот без шанси за преживување и без надеж за идна величина со генерации?  - но верувам дека ќе постигнеме договор веднаш по изборите, бидејќи нема смисла тие да не го прават тоа. // Тесно соработуваме со лидерите на Русија и Украина и ќе го завршиме тоа, и ќе се случи побрзо отколку што луѓето мислат, бидејќи веќе им е преку глава.“  

Трамп додаде дека подоцна денеска меѓу САД, Кралството Данска и Гренланд ќе биде потпишан договор со кој Америка ќе добие целосна контрола врз безбедноста на Гренланд, а ги пофали и земјите членки на НАТО кои ги зголемиле одбранбените трошоци од 2 на 5% од БДПто.

„Овој договор склучен со Кралството Данска - неверојатна, прекрасна земја и самиот народ на Гренланд, им дава на Соединетите Држави трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија. НАТО сега е посилен од кога било досега. НАТО прави работи за кои никој не мислеше дека ќе може да ги направи.“

Според Трамп, Америка е како што рече најсилната светска сила на чија економија завидува светот, а голем дел од неговото обраќање беше посветено на неговата републиканска администрација. Подоцна денеска во Обединетите нации ќе се обратат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и францускиот лидер Емануел Макрон.  Обраќањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред светските лидери е закажано за в петок. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата